Search

Лејди Гага проучувала мачки, лисици и пантери за улогата во „Куќата Гучи“

Многу се зборуваше за тоа како Лејди Гага се подготвувала за својата улога како Патриција Реџани – италијанската „црна вдовица“ која изнајми платен убиец да го убие поранешниот сопруг Маурицио Гучи, наследник на модната династија Гучи.

Претходно беше објавено дека 35-годишната ѕвезда поминала месеци обидувајќи подлабко да навлезе во карактерот на жената која ја глуми во „Куќата Гучи“, па дури и ја искористила сопствената траума за подобро да ја испорача улогата во филмот.

Поп-ѕвездата и актерка на прес-конференција за филмот откри дека проучувала три различни животни за да помогне во навлегувањето во ликот.

„Всушност има три различни животни во ликот што го работев“, рече Гага.

„Во пораната фаза на животот на Патриција јас бев мачка, како домашна мачка. Во средината на филмот, јас бев лисица. Го проучував начинот на кој ловат лисиците, и тие се всушност доста разиграни кога ловат.
„И за крајот на сторијата, ги проучував пантерите. За третиот чин од филмот таа станува како оваа голема мачка… гледав многу видеа за начинот на кој ловат пантерите. Тие се некако заводливи на начинот на кој го прават тоа: заведуваат, а потоа напаѓаат.“

Гага додаде дека поминала многу време читајќи за Патриција, гледајќи интервјуа за неа, како и интервјуа што таа ги давала.

Треба да знаете
Последни објави