Search

Крис Мартин предизвикал пожар во својата кујна и двата пати кога се обидел да готви

Крис Мартин готвел само двапати во последните 10 години – и двата пати ја запалил кујната.

Фронтменот на „Колдплеј“ призна дека не се снаоѓа добро во кујна и ја пофали противпожарната бригада што дошла навреме да го спаси. Тој откри дека добил идеи за нова музика што му го одвлекле вниманието додека подготвувал храна.

Во разговор со Џо Вили од „Би-би-си Радио 2“, Крис рече: „Јас не сум добар готвач. Готвев двапати во последните 10 години и двата пати дојде противпожарната бригада и би сакал да ѝ искажам благодарност на пожарникарската служба во северен Лондон која ме спаси двапати. Вториот пат дојдоа и ми рекоа: повторно готвиш?“

Запрашан што изгорел, тој oткри: „Тестенини и тост. Сакав да си зготвам вечера, но потоа ми се одвлече вниманието и отидов да работам на песна, а заборавив што има во кујната.“

Потоа тој откри детали од раната младост.

И покрај неговиот меѓународен музички успех, 44-годишната ѕвезда призна дека бил замолен да го напушти хорот кога бил на училиште, но мисли дека тоа на крајот се покажало како благослов.

„Ме замолија да го напуштам хорот, но сето тоа требаше да биде. Имав наставник во тоа време кој во мојот училишен извештај напиша дека сум се однесувал лошо на часовите по музика, и дека тоа би било простливо ако имам макар и мал талент.“

„Така рече, навистина. Но, тоа беше благослов затоа што го запали огнот во мене“.

Треба да знаете
Последни објави