Search

Неда Украден и екскошаркарот Зоран Мока-Славниќ во љубов?! Новата музичко-спортска врска топ-тема во медиумите!

Првото запознавање на пејачката и Мока се случило на почетокот на јуни. Неда го поканила на промоција на нејзиниот нов албум. Славниќ ја испочитувал пејачката и се појавил на промоцијата и оттогаш започнале жешките приказни дека има нешто сериозно меѓу нив.

Популарната балканска пејачка Неда Украден е вљубена, а момчето го криеше од сите, најмногу од новинарите. Па, сепак, не беше толку успешна да може сосема да им избега на медиумите. Седмата сила од пред некој ден од сигурни извори дознава дека Неда е во врска со некогашната кошаркарска легенда Зоран Мока-Славниќ. Таа гостувајќи завчеравечер на една ТВ кажа дека нејзиното момче е многу шармантно, забавно, духовито и образовано. Иако не го спомна името на Мока, водителот на емисијата ја испровоцира Неда прашувајќи ја да не станува можеби збор за легендарниот Мока?

– Со почит кон некогашната кошаркарска легенда, господинот Славниќ, за кој можам да кажам дека ние не сме во врска, а можеби вие како новинари нешто ми предвидувате сега за Нова година и Божиќ. Навистина дека тој е многу симпатичен и драг човек, претпоставувам и јас на него. Тоа е сè што можам да ви кажам, останатите информации остануваат само за мене, објаснила Неда за оваа врска за која многу се шушка на естрадата, која стана топ-тема. Првото запознавање на пејачката и Мока се случило на почетокот на јуни. Неда го поканила на промоција на нејзиниот нов албум. Славниќ ја испочитувал пејачката и се појавил на промоцијата и оттогаш започнале жешките приказни дека има нешто меѓу нив. Потоа и двајцата луѓето ги среќавале по белградските ресторани како уживаат на свој начин.

Познато е дека Неда е поодамна слободна жена, дека не е во брак уште од смртта на сопругот Милан Билбија, додека Славниќ повеќе од четири месеци не живее со сопругата. После сите овие приказни најпосле се огласил и самиот Мока:

-Нема врска сè ова, новинарите измислуваат. Неда тогаш ме покани на промоцијата, јас не можам да и забранам ако и се допаѓам. Но и тука завршува нашиот контакт. Изјавата ја давам поради самата Неда да не и биде нарушен емотивниот статус, раскажа кошаркарската легенда.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави