Search

Одложен и трет натпревар од Премиер лигата за „Боксинг Деј“

Натпреварот помеѓу Барнли и Евертон е трет кој е одложен од 19. коло во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција кој требаше да се игра за „Боксинг Деј“. Причината за одложувањето е големиот број на заразени фудбалери кај тимот од Ливерпул. Првичното барање на Евертон беше одбиено, но денеска Премиер лигата сепак одлучи да го прифати и го одложи натпреварот.

Претходно беа одложени  дуелите Ливерпул – Лидс и Вулверхемптон – Вотфорд.

Пет фудбалери на Евертон се позитивни на коронавирус, а уште неколку се повредени поради што менаџерот Рафаел Бенитез негодуваше и бараше одложување на натпреварот.

Натпреварите на традиционалниот „Боксинг Деј“ се играат в недела на 26 декември.

Треба да знаете
Последни објави