Search

Димитриевски со највисок процент на одбранети удари во полусезоната од шпанската Ла Лига

Македонскиот репрезентативен фудбалски чувар на мрежата Столе Димитриевски во редовите на шпанскиот Ла-лигаш Рајо Ваљекано ја има полусезоната на кариерата. Голманот на Рајо Ваљекано, Димитриевски кога се во прашање успешните интервенции при упатените удари кон неговиот гол со процент од 80,6% одбранети удари е лидер на полусезоната според овоја статистички податок на Ла Лигата. Искусниот 27-годишен голман Димитриевски е пред многу позвучните имиња кои ги бранат головите на тимовите во шпанскиот фудбал. Веднаш зад Димитриевски е Унаи Симон од Атлетик Билбао со успешност од 80 % , следуваат Јасин Бону од Севилја со 78,6 %, Тибо Куртоа од Реал Мадрид е четврторангиран, а Јан Облак од Атлетико Мадрид  е на 22. позиција.

Добрата форма на Димитриевски е причина денеска да се појави и информацијата во шпанските медиуми дека за неговите услогу е заинтересирана и славната Барселона.

Треба да знаете
Последни објави