Search

Сега е државјанин на ЕУ: Роман Абрамович во колекцијата на пасоши го додаде португалскиот

Милијардерот и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович стана португалски државјанин, со што на рускиот и израелскиот пасош што веќе ги поседува го додаде пасошот на земја членка на Европската унија.

Портпаролот на Абрамовиќ денеска го потврди извештајот на португалскиот весник Публико, во кој се повикуваат на документите на Министерството за правда, дека бизнисменот роден во Русија на 30 април добил португалско државјанство.

Абрамович доби португалско државјанство врз основа на законот со кој оваа земја нуди државјанство на сефардските Евреи.
На овој начин, од 2015 година, од кога постои законот, илјадници Евреи добија португалско државјанство, а сличен закон во 2019 година донесе и Шпанија. Медиумите во Португалија наведуваат и дека Абрамович направил голема донација за проекти поврзани со наследството на португалската заедница на сефардските Евреи во Хамбург.

Абрамович го заработи своето богатство, сега проценето на 14,3 милијарди долари според Форбс, во руската нафтена индустрија во 1990-тите и го купи фудбалскиот клуб Челзи во 2003 година.
Тој беше регионален гувернер на Русија од 2000 до 2008 година и зеде израелско државјанство во 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави