Search

Почнуваат празнични попусти во Ист Гејт Мол

Од денес, 18.12.2021 (сабота), и официјално започнуваат празничните попусти со намалувања од -20% до -40%, во поголемиот дел од продавниците во Ист Гејт Мол, и тоа со водечките брендови од сегментот на модата (текстил и обувки), козметика, аксесоари, спортска гардероба и опрема. Секако по добриот шопинг, посетителите можат да продолжат на ручек или вечера во богатиот гастрономски дел.

Овој викенд продолжува и богатата новогодишна програма на Ист Гејт Мол, во која на 18.12.2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот на 1 кат, започнуваат магионичарски трикови за сите присутни дечиња, по кое ќе настапат дечињата од детскиот фестивал „Поточиња“ заедно со познатата маскота Поки, а свои настапи ќе имаат и трите танцови студија Eat the Beat, Аqua Dance Club и Еурека. На настанот најмалите посетители ќе ги очекува вистинско музичко изненадување и празнични подароци, а по завршување на истиот, присутните дечиња ќе имаат можност да се упатат кон боење на лампиони и китење на елка во Entertainer/ELC.

Исто така денес, во 16:00 часот на 1 кат, програмата продолжува со настан организиран од Europe House во склоп на изложбата „Изгледаш прекрасно денес“, каде свој перформанс ќе има пијанистката Ема Ананиевска, а се очекува и врачување благодарници за сите активисти вклучени во изложбата, пропратено со празничен DJ сет.

Во недела (19.12.2021), се очекува настапот на Полифонија (детски хор) со почеток во 12:00 часот, а во 14:00 часот започнува ексклузивниот „Unveiling THE BMW iXMas Surprise“ настан во Ист Гејт Мол.

Треба да знаете
Последни објави