Search

Шокантна исповед на  Жељко Самарџиќ за болеста: Пејачот со години не ја знаел дијагнозата – „Мислев дека имам други проблеми“

Пејачот Жељко Самарџиќ неодамна дознал дека боледува од синдромот „Хашимото“, а сега откри и како дознал дека има дијагноза.
– Тоа веќе не е проблем. Јас пијам апчиња. Изгледаше како наеднаш да почнав да се потам. Мислев дека е до концертните сали. Секогаш имав крпи за бришење, ми требаа години. Мислев дека имам други проблеми. Се сеќавам дека ги оперирав потните жлезди во Сремска Каменица, имав и краток фитиљ, брзо реагирав. Кога беше откриен проблемот со тироидната жлезда, дека тоа е Хашимото, беше полесно. Ќе ги пијам апчињата додека ми издржи срцето…Се чувствувам добро сега. Грижете се за вашето здравје, внимавајте, децата на интернет нека не земаат сè при срце и нека се дружат повеќе – рекол Жељко во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“ на ТВ Пинк.

This image has an empty alt attribute; its file name is zeljko-samardzic-pink-1.jpg

 

Ги открил и своите планови, а не ја криел радоста што ќе стане дедо:
– Можеби ќе има албум. Бев вреден за време на короната. Поминав многу време во Которскиот залив. Се исклучив и полесно ја совладав короната и се што се случуваше. Мојата Миња, најмалата ќерка е бремена, па чека бебе на почетокот на февруари, посебно се грижиме за неа. Ќерка ми ќе пее придружни вокали со стомакот и бебето на 24-ти, на концертот. Нејзиниот избраник е гитарист и гледам дека е среќна – рекол Жељко.

Треба да знаете
Последни објави