Search

Цеца Ражнатовиќ открива дали би се омажила вторпат: Добив два прстени од Богдан

Пејачката Цеца Ражнатовиќ неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија со прстен, па поради тоа започнаа шпекулацииите дека нејзиниот партнер Богдан ја запросил.

Таа сега ги прокоментира овие приказни и откри дали планира по втор пат да застане на лудиот камен.

– Сакав да напишам дека не сум добила еден, туку два прстена. Тоа се глупости. Јас ви имам кажано дека веќе нема да се мажам. Можам себе си да се замислам во венчален фустан, но да пеам на плејбек. И со задоволство облекувам венчални фустани, но да застанам пред матичар и поп, тешко – рекла Цеца во емисијата „Премиера“.

Треба да знаете
Последни објави