Search

Спалети се воздржа од коментар за стартот над Елмас пред голот на Емполи

Италијанскиот фудбалслки калчолигаш Наполи доживеа втор пораз едноподруго,овој пат од Емполи пред своите навивачи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ (0:1). Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не го доигра натпреаврот до крајот поради незгоден удар и расекотина на потколеницата. Тренерот на Наполи Лучијано Спалети по натпреврот не  сакал да го коментира стартот над Елмас од Париси пред голот на гостите од Тоскана, кој според навивачите на Наполи бил доволен за пенал.

– Не би сакал да го коментирам стартот над Елмас, мислам дека и досега веќе добив доволно казни, не е паметно да зборувам на таа тема. Не го знам ни точно правилото, иако ногата на дефанзивецот остана во иста положба и по контактот со топката – изјавил Спалети, кој издржуваше суспензија и на оваа средба.

Наполи е на четвртото место, со четири бода помалку од новиот лидер Интер.

Треба да знаете
Последни објави