Search

Скандал: УЕФА поради два гафа преговара пак да се извлекуваат осминафиналните двојки за ЛШ!?

Ниту една ждрепка во Лигата на шампиони (ЛШ) не може да помине без скандал, па затоа се разгледува можноста да биде изврешен  нова од почеток за осминафиналните двојки во елитното клупско фудбалско натпреварување. Ждрепката каква ја направија во Нион донесе супердерби меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, односно Манчестер јунајтед и ПСЖ, но постои голема шанса тоа да не се одигра доколку падне одлука повторно да се влечат двојките откако церемонијата помина со голем број проблеми.

Екипите беа поделени во две групи, на носители и неносители, а притоа тимовите од истра држава не може да се соочат во осминафинале, како и клубовите кои играа во исти групи од лигашкиот дел.

По извлекувањето на првиот пар Бенфика – Реал Мадрид, на ред дојде Виљареал, а гостинот Андреј Аршавин за противник го извлече Манчестер јунајтед. Се замеша генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети кој рече дека тоа не е возможно, бидејќи овие две екипи играа во групната фаза. Потоа поранешниот руски репрезентативец влечеше уште еднаш по што се насмеа, бидејќи на Виљареал му го донесе другиот противник од Манчестер, а тоа е Сити.

На првата грешка, која Маркети ја нарече техничка, се надоврза втора која е контроверзна и со која може слободно да се заклучи дека ждрепката е нерегуларна. За третиот пар во извлекувањето се вклучи самиот Маркети кој го извлече Атлетико Мадрид. И освен Ливерпул, кој не може да игра против Атлетико, бидејќи беа во групи, го кажа и Манчестер јунајтед со образложение дека веќе бил извлечен.

 

Поради пропустите во моментов се преговара да се повтори ждрепката, а се очекува набрзо и информација дали тоа ќе се случи или остануваат непроменети извлечените парови.

Треба да знаете
Последни објави