Search

Мерцедес не се откажува ќе ја оспорува титулата на Верстапен пред меѓународен суд

Макс Верстапен ја славеше првата титула светски шампион во Формула 1, откако вчера победи во последната сезонска трка во Абу Даби, кога во последниот круг го мина најголемиот ривал, седумкратниот првак Луис Хамилтон. Ваквиот расплет во битката за титулата не можат да го прифатат луѓето од тимот Мерцедес, за кого вози Хамилтон.

Тие веднаш по трката упатија две жалби до Светската автомобилистичка федерација (ФИА) за случувањата во финишот, кои експресно беа одбиени, но сега најавуваат дека борбата ќе ја продолжат пред – Меѓународниот суд. Станува збор за повисока инстанца од дирекцијата на трката, која во следните 72 часа треба да добие писмена жалба со добро документирани докази дека главниот судија во Абу Даби, Микаел Маси, направил голема грешка. Потоа, судот ќе има 96 часа да реши дали има основа да се поништи последниот круг од трката, кој всушност го реши победникот, а со тоа и шампионот.

 

Треба да знаете
Последни објави