Search

Агуеро ќе соопшти дека ја завршува фудбалската кариера

Аргентинскиот фудбалски интеранционалец Серхио Кун Агуеро на 30 октомври годинава го одигра својот последен натпревар во кариерата во дресот на Барселона против Алавес кога поради болка во градите предвреме замина во соблекувалната, а деталните лекарски прегледи утврдија дека никогаш повеќе нема да може да игра. Оваа вест ја потврдија и медиумите блиски до Барселона, а в среда на прес-конференција се очекува истото да го потврди и самиот  Агуеро.

Аргентинецот пристигна во Барселона летово како големо засилување, а одигра 165 минути за тимот од „Камп Ноу“ кој сезонава е во голема финасиска и резултатска криза. ЈАгуеро (33 г.) ја започна својата кариера во Индепендиенте, а во периодот од 2006 до 2011 година го носеше дресот на Атлетико Мадрид. Потоа, 10 години мина во Манчестер сити и стана легенда на клубот со 260 гола, најдобар стрелец во историјата на клубот со кој пет пати беше шампион на Англија, освои уште 10 трофеи и играше во финалето на Лигата на шампионите минатата сезона.

Треба да знаете
Последни објави