Search

Се самоуби позната српска инфлуенсерка

Српската инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби, а за тоа јавноста ја извести нејзината пријателка, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ.

Кика Ѓукиќ беше српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка чиј канал на Јутјуб „К1КА“ во октомври 2019 година имаше околу 639 илјади претплатници.

„Со голема болка ве известувам дека мојата Кика почина вчера. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша нејзината мајка на Инстаграм.

Кика извршила самоубиство во својот стан ноќта помеѓу 8-ми и 9-ти декември. Таа долго се борела со притисок од јавноста, а како што рекла нејзината соработничка, со години водела борба со булинг.

Таа изминатиот период се борела со осуди и критики на социјалните мрежи и на крајот, за жал, се откажала и кренала рака на себе.

Во видео кое своевремено го објави на социјалните мрежи, таа објасни како не може никому да му угоди, што и да прави и дека луѓето постојано ќе ја критикуваат и ќе кажуваат погрдни зборови.

– Правете што сакате во животот, луѓето ќе с…. секако што и да направите, важно е да си среќен, стои во описот на видеото во кое таа детално објаснила низ каков хорор поминала низ годините.

Последното видео на инфлуенсерката е објавено на Јутјуб пред само неколку денови.

Треба да знаете
Последни објави