Search

Слеп патник од Гватемала преживеал 2,5 часовен лет до Мајами сокриен зад тркалата на авионот

Слеп патник од Гватемала, сокриен во дел од опремата за слетување на авион на компанијата „Американ ерлајнс”, вчера преживеал 2,5 часовен лет до Мајами, каде што бил префрлен кај службениците за имиграција и пренесен во болница на преглед.

Американската Агенција за царина и гранична заштита го потврди инцидентот во изјава што првично беше емитувана на телевизиската станица WTVJ и со објавување на видео снимено на меѓународниот аеродром во Мајами, веднаш по слетувањето на авионот.

Видеото, што се виде на страница на социјалните мрежи „Only in Dade” на Инстаграм, прикажува слеп патник кој изгледа зашеметено, но не е повреден, како седи на пистата до авионот – облечен во сини фармерки, маица, јакна и чизми, а е опкружен со персоналот на аеродромот, кој го прашува дали сака вода.

Треба да знаете
Последни објави