Силекс цврсто чекори кон враќање во Првата македонската фудбалска лига по новата победа која ја оствари денеска, но истото не важи и за Вардар кој ја загуби директната пресметка за второто место на табелата.
Најтрофејниот македонски клуб денеска загуби на гостувањето во Охрид кај Воска Спорт со резултат 2:1, тим кој сега има пет бодови предност во однос на Вардар кој е третопласиран.
Тоа посебно ги налути „Комити“ кои испратија јасна порака. И покрај сите опструкции, најверните навивачи на Вардар денеска се најдоа на трибините во Охрид, но по приреденото разочарување од нивните миленици, пораката е следна:
– Р Е К О Н С Т Р У К Ц И Ј А! Ова НЕ Е тој ВАРДАР заради кој што дојдовме и покрај сите забрани !