Search

Ц. звезда победи, Динамо ремизираше

Белградска Црвена звезда го победи Лудогорец со 1-0, а загрепски Динамо ремизираше 1-1 со белгиски Гент, но двата најтрофејни клубови во регионов го оставија отворено прашањето во која фаза ќе влезат во пролетните елиминации.

Ц. Звезда до победа дојде со гол на Мирко Иваниќ во 57-та минута, а Митјиланд ја победи Брага со 3-2 со гол од пенал во 93-та минута, па останува отворено прашањето кој каде ќе игра и во која фаза од оваа група, зашто Ц. звезда е прва со 10 бода, Брага има 9, а Митјиланд 8 пред последното коло и разврската за пласманот. Ц. звезда е во пол-позиција за тоа прво место и осминафинале, второто место води во шеснаестинафиналето во Лига Европа, а третото во шеснаестинафиналето во Конференциската лига.

Динамо не успеа да го искористи домашниот терен за да го завери второто место во групата за шеснаестинафинале во Лига Европа, зашто лондонски Вест Хем е недостижен на првото место и после тирумфот со 2-0 во Виена кај Рапид. За Динамо, Аријан Адеми играше до 76-та минута, а Стефан Ристовски остана резерва и еден кикс секунди пред полувремето ги чинеа „модрите“ победа, откако Лука Менало им донесе водство во 35-та, а Угбо израмни во единствената минута од судиското надополнување пред паузата.

Сега на Динамо ќе му треба бод за второто место или во најмала рака помош од Рапид против Белгијците, зашто загрепчани ги чека дербито со лондонските „чекани“.

ГРУПА Е

Галатасарај – Марсеј 4-2, Локомотив Москва – Лацио 0-3

ТАБЕЛА: Галатасарај 11 бода, Лацио 8, Марсеј 4, Локомотив 2

ГРУПА Ф

Црвена звезда – Лудогорец 1-0, Митјиланд – Брага 3-2

ТАБЕЛА: Ц. звезда 10 бода, Брага 9, Митјиланд 8, Лудогорец 1

ГРУПА Г

Баер Леверкузен – Селтик 3-2, Бетис – Ференцварош 2-0

ТАБЕЛА: Баер Л. 13 бода, Бетис 10, Селтик 6, Ференцварош 0

ГРУПА Х

Рапид Виена – Вест Хем 0-2, Динамо Загреб – Генк 1-1

ТАБЕЛА: Вест Хем 13 бода, Динамо З. 7, Генк 5, Рапид 3.

Треба да знаете
Последни објави