Search

(Фото) Продолжи „црната” серија за Вардар во ЛШ

Македонскиот и двократен европски ракометен првак Вардар ја продолжи „црната“ серија во годинашното изадание од елитното клупско натпрварување Лигата на шампионите, во групата А. „Црвено-црните“ го претрпеа петтиот пораз во низа, втор едноподруго од унгарскиот ПИК Сегед (27:30), овојпат во СЦ „Јане Сандански” во Скопје. Реашвачки за ваквиот исход беа почетните минути од натпреварот кога дури 15 минути на ја погодија мрежата на Миклер. Вардар поведе со 1-0 и тоа беше се во првиот дел од домаќинот, бидејќи ПИК Сегед го искористи тоа за да поведе со 1-8 и да ја одржува разликата до одморот (9-16).

Во вториот дел Вардар играше подобро, се доближи до три разлика, но гостите од Унгарија ја контролираа ситуацијата на теренот и не дозволија во ниту еден момент да ја доведат во прашање победата. Вардар вториот дел го доби со 18:14, како мала утеха за лошото издание во првото полувреме.

Анте Гаџа и Тимур Дибиров со по пет погодоци беа најефикасни во составот на Вардар. Кај ПИК Сегед најмногу голови даде Марио Шоштариќ – седум од осум обиди.

По осум кола во А-групата, Вардар е на 6. место со пет бодови, Сегед е втор со 12.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Ракометарите

Треба да знаете
Последни објави