Search

Тен Хаг претставил концепт за „воскреснување“ на Манчестер јунатед

Актуелниот тренер на холандскиот Ајакс, Ерик тен Хаг ја претставил својата концепција како да го „воскресне“  трофејниот англиски фудбалски премиерлигаш Манчестер Јунајтед кој се соочува со кризен период, пренесуваат медиумите на Островот. Според информациите  од Острово, 51-годишниот холандски фудбалски стручњак започнал преговори со раководството на клубот од „Олд Трафорд“ и ги запознал со своите методи на работа.

Јунајтед е во потрага по нов тренер откако викендов му врачи отказот на Оле Гунер Солскјер. Трофејниот француски стартег Зинедин Зидан кој е без ангажман по заминувањето од Реал Мадрид веќе ја одбил понудата на „црвените ѓаволи“, па како главни кандидати за испразнетото прво место на тренерката клупа кај „црвените ѓаволи“ покрај Тен Хаг се уште Маурисио Покетино и Брендон Роџерс.

Треба да знаете
Последни објави