Search

Ванеса Хаџенс својот партнер го запознала преку „Зум“

Актерката Ванеса Хаџенс откри дека своето момче го запознала на малку необичен начин, преку група за медитација на „Зум“.

32-годишната актерка е во врска со бејзбол играчот Кол Такер и откри дека го запознала во екот на пандемијата на платформата за видео-конференции.

Ванеса изјави за The View: „Кол и јас се запознавме во група за медитација на апликацијата Зум“.

Ѕвездата на High School Musical всушност на почетокот не сфатила дека Кол е спортска ѕвезда.

„Го видов на Zoom и на почетокот не сфатив дека е бејзбол играч. Секогаш кога тој зборуваше, јас зборував за него.“

Треба да знаете
Последни објави