Search

(Фото) Ѕвездата на „Династијата“ заврши во брза помош во Белград, опишал што се случило

Актерот Џон Џејмс, најпознат по улогата на Џеф Колби во легендарната серија „Династија“, завршил во брза помош во Белград, каде што во моментот престојува заради снимањето на филмот „Мојот син ловец“.

Актерот се повредил при влегување во еден белградски ресторан.

– Влегував во еден ресторан и удрив во стаклената врата. „Заработив“ огромна исеченица над окото и крвавењето беше обилно. Бев шокиран и се вратив во хотелот „Метропол“, каде што отседнав, а потоа ме менаџерот Николас Калогерас ме однесе во болница – рекол Џејмс за „Дејли мејл“.

Иако во Итната помош бил дочекан во преполна чекалница, Џејмс е многу задоволен од третманот што го добил.

– Тоа се случи во саботата навечер во брзата помош, и како и секаде во светот, беше вистинска лудница, но сите се погрижија за мене. Добив неколку конци за да можам да се вратам на снимањето – рекол тој.

Дејствието на биографскиот филм се занимава со Хантер Бајден, а Џејмс го игра Џо Бајден, таткото на Хантер и сегашен претседател на САД, додека Хантер го играл Лоренс Фокс.

„На некој начин, овој филм многу ме потсетува на „Династија“. Тоа е приказна за љубовта на таткото кон својот син, и покрај неговите маани, но и приказна за внатрешниот поглед на политиката“, рекол Џејмс.

Режисерот на филмот Роберт Дејви рекол дека филмот е приказ на животот на Хантер Бајден и начинот на кој тој собрал десетици милиони долари од странски ентитети во сопственост на олигарсите, но и приказ на неговиот контроверзен однос со неговиот татко и другите членови на семејството Бајден.

Многумина се уште добро се сеќаваат на времето кога ги чекаа продолженијата на култната серија „Династија“ и ги следеа интригите на богатото семејство Карингтон кое го „заведе“ цел свет. И додека машкиот дел од публиката воздивнуваше по Хедер Локлир, Кетрин Оксенберг или Памела Сју Мартин, жените ги имаа своите машки фаворити во една од најпопуларните сапуници на сите времиња. Меѓу нив беше и Џон Џејмс во улогата на Џеф Колби.

Денес живее во Лос Анџелес со сопругата, поранешната мис на Австралија 1978 Дениз Кавард и нивните две деца. Ќерката Лора (Лаура) победи на „America’s Next Top Model“ во 2012 година и тргна по стапките на нејзиниот татко. Таа се појави во филмот „Здраво дами“.

 

Треба да знаете
Последни објави