Search

Пол Рад: Мојата сопруга ќе го избереше Кијану Ривс за најсекси маж на светот, и јас би гласал за него

Актерот Пол Рад ја носи титулата најсекси маж за 2021 година, но ако ја прашате неговата сопруга, можеби некој друг бил позаслужен за оваа титула на магазинот „Пипл“.

Пол Рад се пошегува дека во анкетата на „Пипл“ неговата сопруга Џули Јиџер ќе гласала за Кијану Ривс наместо за него.

52-годишниот актер разговараше со Extra во њујоршкиот театар AMC Lincoln на премиерата на новиот филм „Истерувачи на духови: Задгробен живот“, во кој тој го глуми господин Груберсон.

„Таа ќе гласаше за Кијану Ривс… тој е Кијану, јас би гласал за него!“ изјави Пол.

Актерот и 53-годишна продуцентка се во брак од 2003 година и имаат две деца, синот Џек (17) и ќерката Дарби (12).

Пол претходно изјави за „Пипл“ дека неговата сопруга се зачудила кога дознала за оваа титула.

„Џули имаше симпатична реакција на веста, по мало кикотење и шок, таа рече: добро направиле. И тоа беше многу слатко. Таа веројатно не ја кажуваше вистината, но што да рече?“

Треба да знаете
Последни објави