Search

(Видео) Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на завршниот турнир во Торино

Во вториот меч од „зелената група“ на завршниот тениски АТП турнир кој се одржува во италијанскиот град Торино, првиот свњетски рекет Новак Ѓоковиќ го совлада Русинот Андреј Рубљов (6:3, 6:2) во нивниот прв меѓусебен дуел. Ова е 40. победа за Ѓоковиќ на АТП завршните турнири и 10-то полуфинале.

Овој триумф српскиот тенисер Ѓоковиќ го обезбеди првото прво место во „зелената група“ и пласманот во полуфиналето на завршниот годинашен мастерс турнир. Младиот Русин не се снајде најдобро во својата прва пресметка со најдоброт тенисер во светот. Ова не беше негов ден, иако ги шокираше сите уште на самиот почеток кога освои брејк. Тогаш можеби се чинеше дека ќе гледаме неизвесен меч, но Ѓоковиќ ја презеде играта во свои раце и ја заврши победниќчки.

Во истата група Стефанос Циципас одлучи да се повлече од турнирот поради повреда која ја влечеше од Париз, а на негово место ќе биде Камерон Нори кој ќе дебитира против Норвежанецот Каспер Руд.

Ноле во претпоследната пречка на патот до трофејот ќе игра против второпласираниот од „црвената група“ каде што моментно Данил Медведев води со два поени, пред Јаник Синер и Александар Зверев кои имаат по еден, а Хуберт Хуркач е без бодови.

 

Треба да знаете
Последни објави