Search

Ќе се снима втора сезона на „Сквид гејм“, играчот 456 се враќа

Режисерот на „Сквид гејм“, дистописка јужнокорејска драма на „Нетфликс“, изрази уверување дека популарната ТВ-серија ќе се врати за втора сезона.

„Во преговори сме за сезона 2“, рече писателот-режисер Хванг Донг Хјунг во интервју во понеделникот. „Сè е во мојата глава. Ја имам основната приказна, заплетот, сега сме во фаза на групни дискусии.“

„Тој ќе се врати, ќе се врати и ќе направи нешто за овој свет“, рече режисерот, алудирајќи на главниот протагонист Сеонг Гихун (играчот 456), кого го глуми актерот Ли Јунгџе.

Хванг, Ли и другите вклучени во серијата, една од најголемите хитови на „Нетфликс“ досега, присуствуваа на специјалната холивудска проекција во понеделникот за да го прослават нејзиниот успех.

Серијата наиде на голема популарност веднаш по нејзината премиера, привлекувајќи 111 милиони гледачи, според податоци на „Нетфликс“. „Сквид гејм“ е сторија за луѓе со натрупани долгови кои се натпреваруваат во смртоносна игра за богатство.

Сето ова се смета за сурова аналогија на капиталистичкото општество.

Серијата, меѓу другото, инспирираше костими за Ноќта на вештерките и тематски протести на глобалниот самит за климата во Глазгов, Шкотска.

Треба да знаете
Последни објави