Search

Македонија избори реми со Украина и си ги намали шансите за второто место во групата

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ремизираше со соодветната селекција на Украина во Скопје (1:1) во квалификациски натпреавр од 5. коло во групата Х за ЕП-2023, што се одигра на стадионот во СЦ „Петар Милошевски“. По овој меч македонските надежи четри кола по ред се без пораз, но шансите  на крајот од квалификациите да завршат како второпласирани и да играат во баражот за пласман на завршицата од ЕП кое ќе се одржи во Романија и Грузија им се намалени, бидејќи имаат само шест бода, а Украина која е второпласиран веќе има 10.

Македонија до крајот на оваа година треба да одигра уште со фаворитот  Франција во вторник во Скопје, а до крајот на квалификациите кои продолжуваат напролет има уште два меча како домаќин со Фарски Острови и Ерменија и две гостувања кај Србија и Украина.

Во првата пресметка со Украина  во Скопје, македонската репрезентација беше подобар противник во втриот дел , а првиот им припадна на гостите, кои во финишот постигнаа гол преку Сирота во 42. минута и заминаа на пауза со предност.

Избарниците на македонскиот селектор Драган Канатларовски – Цапар брзо стигнаа до израмнување во 58. минута со голот на Томче Гроздановски, имаа и можности за целосен пресврт, но Хајдари во 77. минута не искористи добра шанса.

И Украина имаше можност за триумф, но Бондаренко во 93. минута ја погоди само гредата од голот на Денковски.

 

Треба да знаете
Последни објави