Search

Емотивна приказна на Мет Лебланк: По Пријатели одбивав улоги за што повеќе време да поминувам со мојата болна ќерка

Мет во последно време во јавноста често се појавува со својата ќерка поради која претходно пак често ги одбивал улогите за да се посвети на нејзиното лекување.

Марина е родена неколку месеци пред да заврши серијата „Пријатели“. Мет ја чувал од Холивуд, папарацо фотографите и реално, за неа малку се знаешe до моментот кога почнала да се појавува јавно заедно со својот татко.

Пред нејзиниот прв роденден, на Марина ѝ била дијагностицирана еден вид на дисплазија, односно проблем со мозокот. Тоа влијаело на нејзините моторни способности, а докторите не давале добро прогнози.

Мет постојано времето го поминувал со својата ќерка. По деноноќната работа на докторите цели две години, Марина била подобро.

Денес 17-годишната девојка е здрава, а наскоро ќе оди на факултет, а „Џои“ не може да биде посреќен што е видливо во неговото последно интервју во кое не ја криел среќата и радоста поради својата ќерка:

„Со години не сакав да имам било каков распоред, па снимањата на новите проекти трпеа. Но, се исплати се. Марина сега има 17 години и состојбата ѝ е подобра. Најдраго ми е времето поминато со неа. Многу сме поврзани и Марина е најдоброто нешто што ми се случило во животот“, изјавил Лебланк во емисијата кај Кели Кларксон.

 

     

    Треба да знаете
    Последни објави