Search

Иран ја отфрли изјавата на западните лидери за нуклеарната програма на земјата

Техеран денеска ја отфрли заедничката изјава на лидерите на четирите западни земји од маргините на состанокот на Г20 во Рим за иранската нуклеарна програма.

Лидерите на САД, Франција, Германија и Велика Британија изразија „длабока загриженост” за иранските нуклеарни активности и го повикаа Техеран да „го промени курсот”.

Преговорите меѓу Иран и европските земји кои потпишаа нуклеарен договор со Техеран во 2015 година од јуни се во застој. САД еднострано се повлекоа од договорот.

Иран, кој инсистира на развој на нуклеарна програма исклучиво за мирнодопски цели, ги прекрши ограничувањата за збогатување ураниум поставени во договорот.

Треба да знаете
Последни објави