Планинарка од Скопје повредена при искачување на врв на Кораб

Планинарка од Скопје вчера се лизнала и паднала од карпа при искачување на врвот „Махија Маде” на планината Кораб, заедно со 14 други планинари. Со помош на другите планинари се спуштиле до село Грекај од каде со медицинско возило била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде од страна на лекар и биле констатирани повреди.

Како што информира МВР, М.Г.(45) од Скопје вчера во 16:05 часот во Полициското одделение Маврово пријавил дека при искачување на врвот „Махија Маде” на планината Кораб,  М.П.(32) од Скопје се лизнала и паднала од карпа.

-Со помош на другите планинари се спуштиле до село Грекај и со медицинско возило од Медицински центар Гостивар била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде од страна на лекар и биле констатирани повреди, соопшти МВР. 

Треба да знаете
Последни објави