Search

(Видео) Нетрпение во Реал Мадрид: Касемиро го турка, а потоа сака и да го клоцне Модриќ

Реал Мадрид го совлада Елче (2:1) како гостин во 11. коло од шпанската фудбалска Ла Лига и ја презеде лидерската позиција благодарение на подобрата гол-разлика од Севилја и Реал Сосиедат. Но, атмосферата меѓу „кралевите“ не е каква посакуваат во клубот. Има проблем во соблекувалната со нетрпение меѓу фудбалерите кој е евидентиран со видео запис од тренингот на Реал Мадрид.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи како Касемиро го турка Лука Модриќ, а потоа се обидува и да го клоцне, но за среќа оваа кавга не се преточи во посериозен инцидент.

Треба да знаете
Последни објави