Search

Скопје добива мол во ранг на европска метропола

 Денес во Скопје официјално еотворен ИСТ ГЕЈТ МОЛ, инвестиција вредна103 милиони евра. Портата на новиот мол во Скопје е отворена за сите посетители, од земјава и блискиот регион, кои ги очекуванајбогатата понуда за шопинг и забава во земјата и пошироко. Од денес, Ист Гејт Мол е евидентен доказ на успешно имплементираниот план за зацртаната визија на креаторите да создадат еден сеопфатен гигант, кој што се простира на 5 нивоа, како и да го реализираат позиционирањето на главниот град на европската и глобална шопинг мапа.

Како новото срце на Скопје, Ист Гејт Мол од денес е новата дефиниција за оригинален, уникатен и повеќенаменски шопинг мол, на ниво наевропските метрополи, а секако истиот се издвојува сомодерен архитектонски концепт и нова генерација на ентериерен дизајн за комерцијални објекти, кои што го претставуваат молот во уникатно светло. Проекциите навестуваат годишен број на околу 12 милиони посетители, а започнувајќи од денес, Ист Гејт Молна секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката, „Ти си центар“.

Во фокусот на ова мото се закупците и посетителите, кои сеинспирација за сите активности на молот, којшто ги овозможува ситеочекувања на посетителите во поглед на забава, гастрономија, услуги и место за секој ден. Накратко, —голема понуда на еднанова шопинг престолнина.

Објектот на Ист Гејт Мол, лоциран на само 5 минути од центарот на градот и веднаш до автопатот М4, е создаден со помошод над2.500 вработени, се одликува со гигантски размери на вкупна површина од околу160.000 м2, како и на простор за закупување од околу57.000 м2.Во склоп на истиот се простираат 2000 паркинг места,220 продавници,кои нудат избор од над600 брендови, од кои 40 се сосема нови, кои што за прв пат се претставуваат во земјата.

Меѓу многубројните брендови во молот, отворена e најголематаZaraпродавница на Балканот, (Zara и Zara Home), како и препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House,Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinsetи многу други.

Ист Гејт Молод денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годинатаи со тоа станува најпривлечна дестинација и за посетители од блиското соседство. Одговорноста да се отвори навремено Ист Гејт Мол е голема, а секако е навистина значителен успех и мое лично задоволство да се биде на чело на палката во менаџирање на почитување на сите рокови и правила во изградбата на овој прекрасен објект. Од денес, Ист Гејт Мол е центар на шопингот и забавата, како најновиот магнет за сите домашни и регионални посетители, кои со нетрпение ги очекуваме да им посакаме добредојде,“ изјавиИгор Давков, Главен извршен директор на компанијата Скопје Ист Гејт.

Во претстојните месеци, јавноста може да очекува оригинални концепти и уникатни содржини за буквално сите генерации и вкусови, а истото ќе ја прикаже идејата на трансформирање и поврзување на Ист Гејт Молкако синоним за вистинска шопинг оаза на уживањето, која што секојдневно ќе се посетува од страна на илјадници посетители.

Од денес Ист Гејт Моле шопинг дестинација со слух да го исполни сето она, кое што го посакува и очекува информираниот потрошувач на денешницата, кој за да го истражи секој коридор и продавница во молот, ќе му бидат потребни дури 18 часа.

Со гордост ви посакуваме добредојде на отворањето на најголемиот трговски објект во историјата на оваа земја и еден од најдобрите трговски центри на Балканот. Сè започна со сонот за создавање на нова генерација на европски трговски центар на високо ниво, кој што овозможува работни места за над 1500 луѓе и за кој што сме сигурни дека ќе биде референтна точка не само за градот Скопје, туку и за голем дел од балканскиот регион. Како комерцијален проект, Ист Гејт Мол е дизајниран за луѓето како најпримарна важност, со поставување на нивните потреби и соништа во центарот на нашиот развој,“ изјавиСотириос Јанакудакис, менаџер на Ист Гејт Мол.

Ист Гејт Моле инвестиција на Балфин Групацијата (Balfin Group), чие портфолиоопфаќа многубројни сектори како недвижнини, туризам, енергетика, банкарство, и многу други. Балфин Груп (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар.

Инвестицијата на целокупниот проект Скопје Ист Гејт изнесува 350 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави