Search

На покривот на ГТЦ ќе се гради соларен систем за производство на електрична енергија

Систем за производство на електрична енергија од Сонце на покривот на Градскиот трговски центар ќе градат АД ЕСМ и АД ГТЦ. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор, кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот, соопшти АД ЕСМ.

Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градскиот трговски центар, како што се посочува, ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување на кров на деловен објект.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски. Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, посебно на сончева енергија, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави