Search

Словенија старвува од италијанско сценарио со коронавирусот

Словенечкиот министер за здравство предупреди дека земјата ќе се соочи со лошо сценарио доколку не успее да ја стави под контрола ситуацијата со болеста наметната од коронавирусот. Болничките капацитети се преполни, изјави Јанез Поклукар, откако Словенија во последните 24 часа регистрираше над 3 000 новозаразени, најмногу од Јануари.

-Додека гледавме со страв во соседна Италија на почетокот на епидемијата, сега сме во пресвртен миг заради ниската стапка на имунизација и лесно би можеле да го доживееме сценариото од Бергамо. Да, добро ме слушнавте. Толку е сериозна ситуацијата и тоа би бил крајот на нашиот здравствен систем, како што се случи во Бергамо – вели Јанез Поклукар.

Стапката на имунизација во Словенија изнесува околу 53%, а ниската стапка на имунизација е главната причина за подемот на пандемијата во речиси сите земји на Балканот, кои се соочуваат со пораст на бројот на заразени.

Додека стапката на имунизација во земјите од Европската Унија е над 70 проценти, во централна и источна Европа таа е најчесто и под 50 %.

Во Србија, здраствените работници предупредуваат дека меѓу болните кои завршуваат на респиратори има се повеќе деца и бебиња, додека речиси еднонеделниот пик на пандемијата не покажува знаци на намалување.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ засега не најавува нови мерки иако тоа упорно го бараат епидемиолозите.

Треба да знаете
Последни објави