Search

Заев на „Утрински брифинг”: СДСМ и коалицијата имаат убедливо најголем потенцијал на гласачи, потребно е секој да излезе за земјата да продолжи напред 

„Мојата цел е пред вториот круг да повикам на мобилизација, на одговорност на граѓаните, на одговорност пред системот, одговорност кон себе, кон својот град, пред својата татковина, со масовно излегување на гласање”, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за „Утрински брифинг”.
Во однос на очекувањата од вториот круг, претседателот Заев истакна дека очекува победа на СДСМ и Коалицијата и заради досегашните политики, но и заради поголемиот капацитет за коалицирање.
„ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот, нема повеќе коалиционен капацитет заради нивните политики, нашите политики имаат огромен коалиционен капацитет, прво заради проевропските успеси кои што се, вториот дел мултиетничкото општество, тука може да се искористи еден огромен потенцијал кој што остана дома а треба да излезе на гласање и затоа ние го упатуваме повикот кон тие луѓе, излезете затоа што пропуштате и вие да бидете учесници во дефинирање на државата. Затоа што изборите профилираат правец на движење на државата, а дома кога седиме ништо не помагаме, одмагаме, затоа што тогаш не е јасно мнозинството граѓани всушност во каков правец сакаат да се движат”, посочи Заев.
Одговарајќи на прашањето за бугарското државјанство на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, претседателот Заев истакна дека не е ништо лошо тоа што таа имала бугарско државјанство но не е чесно пред граѓаните од кои ја бара довербата.
„Тоа што таа криела за државјанството е нечесно и политички и морално, морате да им кажете на своите граѓани кога се кандидирате да бидете градоначалник на градот Скопје, на 650.000 жители, во такви околности нечесниот однос е  уште еден обид за манипулација на целиот наш народ” ,порача претседателот Заев.
Треба да знаете
Последни објави