Search

ВМРО-ДПМНЕ повторно во одбрана на криминалот, се обиде да саботира тајна полициска акција во Битола

Соопштение за јавност-реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застана на страната на криминалот и криминалците.
Нивниот портпарол јавно на прес-конференција се обиде да осуети и деконспирира полициска акција за апсење на наркодилери од Битола.
Како што објави и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, припадници на единицата „Тигар” и припадници на СВР Битола вчера уапсиле две лица од Битола кај кои пронашле хероин.
Со ваквите потези, со јавно објавување фотографии и имиња на вработени во МВР, ВМРО-ДПМНЕ се стави во директна одбрана на наркодилери од Битола.
Додека полицијата апси и се бори против криминалот, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да саботира полициски акции и да брани криминалци, при тоа врзувајќи ги со дневна политика во страв од извесниот пораз што ги чека во недела.
Јасна е спрегата на ВМРО-ДПМНЕ и криминалците во државата, тоа го знаат и граѓаните, затоа во недела ги чека нов убедлив пораз на избори.
Треба да знаете
Последни објави