Search

Челси преку пенали го победи Саутемптон во Карабао купот

Челси по подоброто изведување на пенали го помина Саутемптон во Карабао купот, мечот во регуларниот дел беше 1-1, Арсенал со 2-0 го совлада Лидс.

Челси се помачи за да стигне до четвртфиналето од Карабао купот откако дури по пеналите го победи Саутемптон.
Пред самиот крај на првиот дел Хаверц донесе водство на Челси, а по две минути игра во втрото полувреме Адамс израмни на 1-1. Тој резултат остана до крајот.
Во пенал серијата Кепа Аризабалага беше херојот на Челси, пенали за Саутемптон не реализираа Волкот и Смолбон, погодија Аамстронг, Лонг и Ромеу. Во составот на Челси промаши Маунт, а погодија Алонсо, Хандсон Одои, Чилвел и Џејмс.
Арсенал со голови на Чемберс и Нкетиа го победи Лидс со 2-0.
Сандерленд на пенали го помина КПР, немаше голови во регуларниот тек.

Треба да знаете
Последни објави