Неколку илјади демонстранти попладнево повторно протестираа во Љубљана против анти-епидемиските мерки на Владата на Јанез Јанша, особено задолжителните ковид пропусници, а некои побараа и оставка од Владата.
Како што пренесуваат локалните медиуми, протестот, кој продолжи и вечерва, е со засилено полициско присуство, но засега без инциденти и полициска интервенција која со кордон ги спречи демонстрантите да заминат пред зградата на Собранието. Полицијата идентификуваше неколку лица меѓу демонстрантите, а уапси најмалку едно.
Опозицијата денеска поднесе интерпелација против министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, предлагајќи негова смена поради, како што велат, прекумерната употреба на репресивни мерки против демонстрантите на последните неколку протестни собири.