Комисијата за родова еднаквост во спортот има за цел да го зголеми учеството на жените во сите аспекти

Денес во прес центарот на Олимпискиот Комитет се одржа првата прес конференција на Комисијата за родова еднаквост во спортот при Олимпискиот Комитет на Северна Македонија.

На овој настан Комисијата за родова еднаквост во спортот КРЕС со воведен збор на претседателката на КРЕС Силвија Митевска беше претставена програмата и планот за работа за 2022 година, чии приоритети ќе придонесат кон креирање на родово-еднакви политики и родова стандардизација во спортските субјекти. Јасно беше дадено до знаење дека приоритетот е зголемување на учеството на жените во сите аспекти на спортот како и воспоставување на стратешки механизми со цел зајакнување на родовата еднаквост во Олимпиското движење.

-Иако еднаквоста во спортската арена е од суштинско значење, сепак тоа
не е доволно за вистинска еднаквост во спортот. Оттаму, наши
приоритети ќе биде зголемување на учеството на жените во сите аспекти
на спортот и програмата на КРЕС за 2022 година ќе подразбира и
воспоставување на стратешки механизми за зајакнување на родовата
еднаквост во олимпиското движење.
Целта е да постигнеме суштински и видливи резултати и да ги отстраниме
бариерите што ги спречуваат жените и девојките да учествуваат во
спортот.
Она што ќе ни биде исклучително важно е да креираме систем за редовна
комуникација со жените вклучени во федерациите кои се дел од ОК како и
навремена повратна комуникација за резултатите од нашата работа, за
учество на идните настани поврзани со родова еднаквост и споделување
на други новости. Дополнително, ќе обезбедиме целосна транспарентност
и отчетност за нашата работа. Сите записници од нашите седници ќе
бидат јавни и достапни на веб страницата на ОКСМ – изјави претседателката на КРЕС Силвија Митевска.

 

 

Треба да знаете
Последни објави