Search

Успешната општина ја градиме заедно – „Бизнис од Карпош, за Карпош“

Претприемачите и бизнис-секторот се економскиот столб на нашето општество и затоа нашата политика во овој сегмент ќе се насочи кон интензивирање на соработката со оваа целна група.
Посветено ќе работиме на создавање можности за вработување и поттикнување на младите за основање сопствени бизниси.
Нашата цел е под мотото „Бизнис од Карпош, за Карпош“, да обезбедиме широка платформа за поддршка на претприемачите и бизнис-секторот во Општината и нивно партнерско вклучување во креирањето и спроведувањето на нашите политики.
Клучниот проект насочен кон оваа целна група е формирањето деловен развоен центар, во кој ќе се одржуваат постојани семинари, предавања, презентации и друг вид настани, кои ќе овозможат континуиран проток на информации со малите и средните компании, а и можност за поддршка на бизнисите за млади и стартапите.
Оваа соработка треба да овозможи општинска поддршка за реализирање на проектите на бизнис-секторот и бизнис поддршка за реализирање на проектите на Општината.

Треба да знаете
Последни објави