Search

Уапсен пилот кој со авион сакал да удри во Нотр Дам во Париз

Француската полиција го уапси пилотот, кој најави дека со авион-цесна ќе удри во париската катедрала Нотр Дам, пренесуваат француските гласила. Полицијата тврди дека за време на претресот не нашла планови за таква акција. Уапсениот пилот е под психијатриска опсервација.

Поранешниот пилот на патнички авиони беше уапсен во четвртокот во Париз, откако на пријател му најавил дека ќе удри во катедралата Нотр Дам со мал авион.

Човекот што го пријавил тврди дека поранешниот пилот имал проблеми со пари и алкохол, како и дека е психолошки нестабилен.

Тој беше уапсен во локалната црква, а во моментот на апсењето носеше шише виски во џебот, пренесуваат медиумите.

Според нивните извештаи, за време на претресот во неговата соба, полицијата не нашла ништо за да ги потврди тврдењата дека тој планирал да удри со авион во катедралата.

Треба да знаете
Последни објави