Search

Партијата на Бабиш води со 31 отсто на парламентарните избори во Чешка

„Акцијата на незадоволните граѓани” (АНО), предводена од премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш, победи на изборите за Долниот дом на Парламентот, кои завршија денеска напладне, објави весникот „Млада фронта Днес “.

По пребројувањето на првите 4 отсто од гласовите, АНО води со 31 процент од гласовите. Според излезните анкети, Движењето убедливо води над своите ривали. Разликата е значајна и според политиколозите, што сериозно ќе влијае на конечниот резултат и ќе го потврди успехот на Бабиш, кој се обидува да ја задржи премиерската функција.

Долниот дом на парламентот ќе влез и партиската коалиција Заедно, која ја вклучува десничарската Граѓанско-демократска партија, Демохристијанските демократи и партијата „Традиција, одговорност, просперитет 09″ со освоени 23,9 отсто од гласовите. Лево-либералната Пиратска партија, која влезе во коалиција со „Градоначалници и независни”, доби 12,4 отсто од гласовите. Партиите Слобода и директна демократија (10,5%), Чешката социјалдемократска партија (5,3%) и граѓанското движење Заклетва, исто така, успеаја да го надминат прагот од 5 отсто за влез во Парламентот.

Според податоците, излезноста во земјата била 62 отсто.

Треба да знаете
Последни објави