Search

Смилевски: Новите ДУП-ови за Бутел ќе овозможат реализација на сите проекти на жителите

„Сите работи што ги ветивме во програмата во 2017 година се или завршени или веќе почнати и во процедура. Со носењето на осум ДУП-ови значајни за општината и уште 21 кои се во крајна процедура, овозможуваме сите проектите да бидат во фунцкција и да започнеме да ги реализираме“ кажа актуелниот и кандидат за градоначалник на Бутел од СДСМ и коалицијата, Велимир Смилевски на дебатата на МТВ.

„Во изминатите четири години реализиравме над 250 проекти значајни за граѓаните. Со носењето на новите детални урганистички планови ќе овозможат и сега и во иднина да се реализираат сите проекти неопходи за жителите“ кажа Смилевски.

Тој додаде дека во секоја населба и секое населено место се реализирани проекти и кажа дека е извршена целосна реконструкција на градинките и училиштата со енергетски ефикасни фасади, прозори и кровови.

Смилевски кажа дека во изминативе четири години не беше можно да се изгради поликлиниката во Бутел, бидејќи таа не беше предвидена во деталниот урбанистички план донесен претходно.

-Парите не беа проблем, Владата излезе и даде поддршка, проблемот беше од страната на општината. Немаше вцртано ни амбуланта, ни поликлиника на теротиријата на општина Бутел“ кажа Смилевски.

Треба да знаете
Последни објави