Search

Двајца Камерунци уапсени на аеродром со милион фалсификувани евра

Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, дознава МИА од извори на истрагата.

Според МИА, тие во Скопје допатувале од Милано.

Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре. 

Треба да знаете
Последни објави