Search

Променливо облачно време со сончеви периоди и постудено

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степенa.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Во ноќните часови ќе има врнежи од дожд. (Температурата = 21 °C, Притисок = 983 hPa, Релативна влажност = 60 %, средна брзина на ветер = 5 m/s)

Од УХМР, информираат дека под влијание на влажна воздушна маса во следните денови времето ќе биде облачно  и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и засилен ветер, особено утре кога во западните делови на повеќе места ќе наврнат и над 30 литри на квадратен метар. Дневната температура значително ќе се намали.

Треба да знаете
Последни објави