Search

Конкурс на платформата „Наука за деца” за едноминутни научни видеа

– Едукативната платформа naukazadeca.mk, која е под покровителство на Фондација „Кантарот”, распиша конкурс за едноминутни научни видеа, насловен „Една минута наука”, со цел да ја промовира научната култура во земјава. Конкурсот е отворен од денеска до 20 октомври и сите што сакаат да ги испробаат своите вештини за правење забавни научни видеа може да го прават тоа под хаштагот #НаукаЗаДеца и да добијат награда.

– Сите заинтересирани може да направат видео на македонски кое на кул начин ќе објасни некој научен концепт (закон, правило, експеримент…). Видеото може да се објави на која било социјална мрежа со хаштаг #НаукаЗаДеца до 20 октомври. Најважно е видеото да биде и точно и „сочно” – точно да го престави научниот концепт и да има момент на забава, досетливост или хумор, велат од „Наука за деца”.

За најдобрите видеа ќе бидат доделени четири награди: Notebook Samsung Chromebook 4 Plus N4000 за најдоброто видео, Таблет Samsung Galaxy Tab A7 Lite T225 за видеото што ќе освои второ место, безжични слушалки Samsung Buds+ за третопласираното видео и Nintendo Switch, како специјална награда за популарност на ТикТок, за видеото што ќе собере најмногу лајкови.

За првите три награди ќе одлучува жири составено од тим научници кои стојат зад платформата „Наука за деца”. Научниците ќе ги разгледаат сите видеа што ќе учествуваат на наградниот натпревар и ќе ги рангираат според наведените критериуми. Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 25 октомври.

Треба да знаете
Последни објави