Search

Фановите на Џастин Бибер ќе можат да пушат цигари канабис

Поп sвездата Џастин Бибер се здружи со „Палмс Премиум“за да лансира производи базирани на канабис, соопшти во понеделникот компанијата со седиште во Калифорнија.

Ограниченото издание цигари марихуана, или џоинти, Peaches Pre-Rolls, се именувани по песна од најновиот студиски албум на Бибер и ќе бидат достапни во Калифорнија, Невада, Масачусетс и Флорида, соопшти компанијата.

Сè поголем број на познати личности, меѓу кои оскаровката Никол Кидман, раперот Џеј Зи, гуруто за животен стил Марта Стјуарт, и кантри пејачот Вили Нелсон соработуваат или започнаа сопствени линии на производи од канабис.

„Палмс Премиум“ не ги откри финансиските услови на партнерството.

Треба да знаете
Последни објави