Search

Герасимовски: Водно добива нова атмосферска канализација и реконструкција на улици и детско игралиште  

„Водно е едно од најубавите населби во општина Центар и СДСМ низ низа реализирани проекти ја докажа својата грижа и посветеност“, рече Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар на вечерашната средба со граѓаните на Водно.

Тој на Водно заедно со кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје Петре Шилегов, најави реконструкции на неколку улици и поставување на атмосферска канализациона мрежа.

„Овде на Водно ќе се реконструира ул. „ПеришаШавелиќ 2“накојаќесепоставиатмосферскаканализација и потпорензид, кракнаул. „СлавејкоАрсов“, делодул. „СалвадорАљенде“, „ДимитарБеровски“ на која исто така ќе се поставиноваатмосферскаканализација. Истотакаќесереконструираул. Бансковосоработкасоопштина К. Вода и ќеседовршидетскоигралиштеподПанорама“, речеГерасимовскипредграѓаните.

Тој потсети и на инвестициите кои досега ги направила општината, а се однесуваат на инфраструктурните зафати. Поставување на нова фекална, атмосферска и водоводна канализација на улиците „ГанчоХаџипанзов“, „Капиштец“, „ДимитарПандилов“, „Караорман“, и „ Загрепска“. НаВодно,рече Герасимовски реконструирана е и улицата „ПитуГули“ соноваатмосферскаканализација и соновитротоари, а направено е и детскотоигралиштевоградинкатаБагремар, каде општината ги реконструираше јаслите.

На крај Герасимовски зборуваше за решениот проблем со каналот на улицата „АцоКараманов“ и исчистениот кајДиватанаселба.

Кандидатот за градоначалник Герасимовски им порача на граѓаните дека секогаш ќе биде достапен да ги слушне нивните идеи за Водно да биде уште подобро место за живеење.

Треба да знаете
Последни објави