Search

Tаткото на Бритни Спирс ја нарече суспензијата „загуба за Бритни“

Судијата донесе одлука на рочиште минатата среда Џејми Спирс повеќе да нема главен збор за финансиите на неговата ќерка бидејќи таквиот мандат е неодржлив, и тој треба да биде заменет со сметководителот Џон Зејбл.

Иако Џејми се согласи да се повлече од конзерваторскиот надзор, тој сега вели дека неговото отстранување е „погрешна одлука“.

Во изјава што ја објави неговата адвокатка Вивијан Торин стои: „Господинот Спирс ја сака својата ќерка Бритни безусловно. Веќе 13 години, тој се обидува да го направи она што е во нејзин најдобар интерес, без разлика дали е конзерватор или нејзин татко.“

„Ова почна со негова согласност да служи како нејзин чувар кога доброволно се вклучи во овој надзор со кој требаше да ѝ се помогне да ја оживее кариерата и повторно да воспостави врска со нејзините деца. За секој кој се обидел да му помогне на член на семејството кој има проблеми со менталното здравје , тие треба да ја ценат огромната количина на секојдневна грижа и работа во рамки на тој процес.“

Адвокатката, исто така, ги истакнува „лажните, шпекулативни и неосновани напади“ против него во врска со спорното старателство кое му беше доделено од судот во Лос Анџелес во 2008 година.

„И покрај суспензијата, Спирс ќе продолжи да внимава на најдобрите интереси на својата ќерка и ќе работи со добра волја кон позитивно решавање на сите прашања,“ стои во изјавата.

Треба да знаете
Последни објави