Search

Новиот филм за Вили Вонка регрутира ново актерско трио

Филмот „Вонка“ пронајде уште неколку протагонисти. На Тимоти Шаламе како титуларен лик, ќе му се придружат Роуан Аткинсон („Мистер Бин“), Сали Хокинс („Обликот на водата“) и Оливија Колман („Круната“).

Шаламе, кој е главниот актер во СФ филмот „Дина“ ќе го наследи Џони Дип во ролјата на Вонка, кого, пак, на големите екрани го пласираше легендарниот актер, режисер и продуент, Џин Вајлдер.

Претстојниот филм, насловен „Вонка“, е претходник на класикот „Чарли и фабриката за чоколади“ и се фокусира на раниот период од животот на ексцентричниот чоколадер Вили Вонка.

Режисер на претстојниот филм е Пол Кинг („Падингтон“) . Дејвид Хејман, кој соработуваше со Кинг на „Падингтон 2“, а претходно работеше на филмовите од франшизата „Хари Потер“ ќе биде копродуцент заеднос со Лук Кели.

Треба да знаете
Последни објави