Search

Вил Смит: „Дивиот, див запад” ми е трн во око

Холивудската ѕвезда Вил Смит, во неодамнешното интервју за „Џи-кју” беше прашан, кој од филмовите во коишто глумел смета дека е најслаб? Без двоумење, тој одговори дека каубојската комедија од 1999 година – „Дивиот, див запад” е неговиот најнеомилен филм.

– „Дивиот, див запад” ми е трн во око. Не ми се допадна. Првиот дел од „Луѓе во црно”, како и „Потрага по среќата” ги сметам за најдобри. Од различни причини, мислам дека ова се моите два речиси совршени филма, изјави тој.

Годинава тој е актуелен со биографскиот „Кралот Ричард”, а најавени се уште неколку филма во претпродукција, меѓу кои и „Лоши момци 4″, „Брзи и лабави” и други.

Треба да знаете
Последни објави