Search

(Вознемирувачко видео од Белград) Пијан возел 150 км час со „голф 6“ па се забил во бандера, двајца загинати

Марко С. (28) и Ксенија Ј. (31), загинаа вчера во Белград. Несреќата се случила кога Павле С. (28), возач на „голф“ 6 „со голема брзина удрил директно во столбот! Возачот не е повреден во страшната несреќа, а утврдено е дека во тоа време имал 0,59 промили алкохол во крвта, поради што му е одредена мерка притвор до 48 часа. Марко му бил прв братучед на Павле, а со Ксенија биле кумови.

Трагедијата се случи откако возачот изгуби контрола над возилото со голема брзина, излета од патот и удри во столб на тротоарот.

Според првите проценки, возачот одел дури и побрзо од 150 километри на час, а поради силината на ударот, Марко С, кој седел на совозачкото седиште, и Ксенија Ј, која седела на задното седиште, испаднале од возилото и починале на лице место.


Целата десна страна на автомобилот е скршена, а според очевидци, делови од телото и возилата летнале на 20 метри од местото на несреќата.

Видео од несреќата може да видите и тука

Треба да знаете
Последни објави